Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори за децении

Хан: Без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори за децении

Непосредно пред неговата посета на Македонија во понеделник, еврокомесарот за проширување во интервју за МИА вели дека доколку се пропушти можноста за прифаќање на Договорот со Грција на референдумот на 30 септември, вратата за ЕУ ќе се затвори „за децении“.

- Ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политика треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата, рече Хан за МИА.

Еврокомесарот, кој доаѓа за „Деновите на медиумите“, ќе ја искористи својата посета да се сретне и со граѓани во Штип, каде ќе ја пренесе оваа порака. Неговата цел, вели тој, е да им ги предочи на граѓаните импликациите од Договорот со Грција и од прогресот на патот кон ЕУ.

- Идејата е да се создаде нешто повеќе, ако има европска перспектива, членство, тоа ќе привлече меѓународни компании, компании кои ќе создаваат работни места, ако има повеќе индустрии во земјата тоа влијае врз мали и средни претпријатија бидејќи тие имаат фунцкија на добавувачи, сѐ заедно е стимулирачки за економијата. Ако економијата е меѓународно ориентирана тоа влијае врз квалитетот на владеењето на правото, независноста на судството и за крај мислам дека е нешто што го бараат луѓето, вели Хан.


Слично

Поврзани вести