ХАН: Ако сакате да ги убедите граѓаните во независно судство треба да има казни и пресуди
На Владата и преостанува да го реши прашањето со мандатот на СЈО, граѓаните заслужуваат независно судство и судски епилог за да се врати довербата во институциите.
Ова се дел од ставовите кои европскиот комесар ги пласирашее во неделното интервју вчера за РСЕ.
Хан вели дека е потребно да се врати довербата во судството а за таа цел обвиненијата на СЈО треба да добијат судски епилог.
„Треба да им се остави впечаток на граѓаните ако сакате да ги уверите дека сите криминални случаи се целосно истражени и ако има потреба за обвиненија тие да бидат завршени, да бидат заведени и да има судски случаи и ако е неопходно да има казни, пресуди итн.“, посочи Хан.
Хан е оптимист и во однос на членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Тој искажа верување дека порано или подоцна сите земји од ЕУ ќе станат дел од европското семејство.
