Економија, финансии, бизнис

Контакт

Халкидики го чека уште еден потоп а какво време ја чека Македонија?

Халкидики го чека уште еден потоп а какво време ја чека Македонија?

Есенски температури, обилни врнежи, град и поплави се последица на студениот бран кој зафати дел од Европа. Тој полека се повлекува и доаѓа нов, потопол бран.

Грозоморни фотографии од делови од Грција и Халкидики го обиколија регионот а тие предели беа зафатени од силно невреме. Обилните врнежи донесоа големи поплави кои најмногу го погодија Никити носејќи автомобили во морето. Според метеоролозите и денеска Халкидики ќе биде под удар на нестабилни временски услови.

ВО СЕЗОНАТА ГРЦИЈА ВЛЕГУВА ПОПЛАВЕНА: Скопјани со сведоштва од невремето во Никити и Ситонија

Што се однесува до Македонија синоптичарите најавуваат од утре потопло време и сончеви периоди. Сепак не се исклучува нити локален пороен дожд, гремежи и ветар. 

Според УМХР утринските температури ќе се движат од 9 до 16 степени Целзиусови а дневните ќе достигнат максимални 28 степени.

Во главниот град се најавува исто така потопло време а што се однесува до температурите тие ќе се искачат до 21 степен на дневно ниво, но сепак утринските нема да надминат 15 степени.

И првиот ден од викендот ќе биде топло, но веќе од недела се најавува  посочнево, претежно стабилно и топло, а веќе од следната недела температурите ќе достигнат и до 35 степени.

Слично

Поврзани вести