Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хакиран мејлот на СЈО - се гледа преписка со новинари

Хакиран мејлот на СЈО - се гледа преписка со новинари

На  Јутјуб вчера се појави видео снимка од 9 минути, на која се гледа електронската преписка на Специјалното јавно обвинителство со новинари и со други лица.

Во дел од мејловите што се прикажани на снимката новинари од повеќе редакции бараат акредитации за прес конференции, а датумите се  за периодот ноември - декември 2015 година. 

Од СЈО утрово најавија дека ќе испратат официјално соопштение во текот на денот. 

СJO потврди дека имале неовластен упад во електронската пошта во декември 2015 година. 

СЈО вчера соопшти дека работи нова истрага со наслов „Трезор“ во кој се осомничени четири лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и од МВР поради проневера на 862.000 евра при набавка на софистицирана опрема за следење на комуникации од Велика Британија. 

Слично

Поврзани вести