ХАКИМ РАМАДАНИ ПО РАЗРЕШУВАЊЕТО ОБВИНУВА: „Ми испратија 'милозвучно писмо' ама заканувачко“
Откако премиерот Христијан Мицкоски го разреши Хаким Рамадани од функција, заради заминување во странство со кандидат на ДУИ да бараат гласачи-иселеници за локалните избори во Брвеница, денес тој обвинува дека му се закануваат.
„Ме разрешија без да ме прашаат, Изеет Меџити ме назначи на оваа функција!“
Писмо до оние што мислат дека стравот ги држи луѓето под контрола!
Денес ми испратија едно „милозвучно“ писмо, кое во суштина е заканувачко.
Почитувана државна секретарке г-ѓо Јулијана, го разбирам притисокот што се обидувате да го вршите преку телефон.
Но, како што вели филмот за Исмаил Ќемали: „Зошто не се смиривте кога го уапсивте, туку сега се однесувате како добри?“
Ве познавам веќе 16 месеци – и подобро од мене знаат Албанците што работат во тоа министерство како ги малтретирате.
Залудно ви е. И вам, и на сите што мислат дека власта е вечна – деновите ни се избројани.
Според законот, немавте никакво право. Од денот кога се распишуваат изборите, премиерот нема право ниту да назначува, ниту да разрешува. Но, вие сепак ме разрешивте – морално, од институцијата.
Сега, можеби го чекате само моментот да ме „разрешите“ и правно.
Но, не ме боли затоа што волкот ми ги изеде овците – ме боли затоа што и кучињата од моето стадо се придружија на тој пир.
Се обидовте да ме понизите, да ме избришете, да ми го одземете авторитетот.
Но авторитетот не се дава со декрет, ниту се одзема со писмо.
Се гради со чесност, со истрајност и достоинство – вредности што вие не ги познавате.
Ме посрамотивте, но не заборавајте – и Груевски посрами многу Албанци, а денес скита како бегалец во Будимпешта.
Историјата не им простува на оние што ја користат државата за лична одмазда.
Ставете прст на глава и размислете добро:
Кој прави зло, завршува во затвор – во Будимпешта, во Тирана, во Москва или било каде.
„Волкот ја менува влакната, но не и навиката.“
„Вистината не се плаши, дури и кога останува сама.“
„Кој се бори за правда, не познава страв.“, напиша тој.
