Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАКЕРСКАТА ГРУПА BLACK BYTE ГО НАПАДНАЛА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО - се работи на отстранување на проблемот, граѓаните да имаат трпение за услугите

ХАКЕРСКАТА ГРУПА BLACK BYTE ГО НАПАДНАЛА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО - се работи на отстранување на проблемот, граѓаните да имаат трпение за услугите

Електронскиот систем на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12-ти овој месец бил цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група Black Byte. Нападот предизвикал блокирање на редовниот работен процес во министерството и оневозможување на тековните работни процеси.

Ова го соопштија од ресорот на министерот Љупчо Николовски.

„МЗШВ уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните, а траснпарентно изминативе денови даде одговор на сите новинарски прашања поврзани со хакерскиот напад.

Нападот е пријавен во Министервото за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција беа ставени сите системи на министерството. Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен“, се вели во денешното соопштение до медиумите.

Вработените во секторот за информатички технологии на МЗШВ активно работат за целосно отстранување на проблемот. Поради превенција во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија.

„Упатуваме извинување до граѓните поради неможноста навремено и брзо да ги вршиме услугите, дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот“, велат од министерството.

Слично

Поврзани вести