ХАЈРЕДИНИ ЖЕСТОКО - ДУИ лесно може да плаќа гласачи, поранешниот министер со нова критика
По бројните и бурни реакции за успехот на Бујар Османи за кратко време да ги собере потребните потписи за учество во претседателската „трка“, на темата утрово се огласи и поранешниот министер за финансии, во последниве години жесток критичар на ДУИ и воопшто на владините коалиции.
Токму фактот што ДУИ се долги години во власта, според него е голема предност за собирање на гласовите. Тој потенцираше дека благодарение на украдените пари од владините претставници на оваа партија, сега се во можност лесно и брзо да платат гласачи кои ќе се потпишат за неговата канидатура.
- Со милионите што ги краделе додека биле и сè уште се на власт, ДУИ лесно може да плаќа гласачи за да останат на власт - напиша Хајредини на својот Фејсбук профил.
Еве го неговиот пост:
