ХАЈРЕДИНИ ЗА КОРУПЦИЈАТА: Ковачевски и Амети можат да се свртат против Америка и Европска Унија
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, кој важи за голем критичар на владата, деновиве фокусот на своите изјави го става на корумпираноста и на крадењето во државата.
По многбројните укажувања, и во последниот статус на Фејсбук, Хајредини се осврнува на корупцијата и на криминалот во нашата земја.
- Кога е во прашање стравот од одговорност за криминал и корупција, Ковачавски и Али Амети можат да се завртат и против Америка и против Европска Унија. Тоа се гледа кога во Струга заедно го бранат Мерко, кога европското знаме го користат за склучување коруптивен договор со БЕХТЕЛ и ЕНКА и кога Теута Арифи (о)станува заменик на Али Амети, а за амбасадорка не ја ја примаат ни во САД ни во ЕУ - пишува Хајредини на Фејсбук.
