Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хајредини: Веќе ги заборавија истрагите за страшните трагедии во кои изгореа над 70 луѓе

Хајредини: Веќе ги заборавија истрагите за страшните трагедии во кои изгореа над 70 луѓе

Заборавија на трагедиите, само за министри и за директори зборуваат, коментира екс министерот Џевдет Хајредини.

Тој на социјалните мрежи пишува дека за ништо друго не се дискутира, освен за влада со зголемена и „стабилна коалиција“, за што поголем број пратеници, министри и директори. 

„Не ги интересира борбата против организираниот криминал и корупција, меѓу најголемите во светот. Веќе ги заборавија истрагите за страшните трагедии во кои изгореа над 70 луѓе, вклучувајќи и мали деца“, порачува Хајредини. 

Тој алудира на пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово, но и автобуската несреќа која минатиот месец се случи во Бугарија, каде загинаа 45 луѓе. Инаку, сега е актуелна новата Влада, која наскоро ќе ја добие земјава и ќе има промена на кадри. 

Слично

Поврзани вести