ХАЈРЕДИНИ САКА ДА МУ КАЖЕ НА ГИР ЗА КОРУПЦИЈА НА ПОРАНЕШНИ ЕВРОПСКИ ФУНКЦИОНЕРИ - ама амбасадорот не го вика на ручек
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, преку својот фејсбук профил пренесе една интересна информација.
Имено, тој се пожали дека евроамбасадорот Дејвид Гир досега два пати му ветил, но не го викнал на ручек за да разговараат за едно многу важно прашање.
А, уште пшоинтересно е прашањето што сака Хајредини да му каже на Гир, имено, како што самиот тој пишува, сака да разговараат за корупција на некои претходни високи европски функционери во Македонија.
„Јавно ќе кажам дека Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, двапати ми ветува и никако да ме вика на ручек, за да разговараме и за корупцијата на некои претходни високи европски функционери во Македонија“, пишува во својот кус пост поранешниот министер за финансии.
Слично
