Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хајредини: И по пет години од милијардите не е вратен ни денар

Хајредини: И по пет години од милијардите не е вратен ни денар

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини со пост на својот Фејсбук профил се наврати за ветувањата на сегашната влада за гонење на криминалот. 

Тој посочува дека од ветените работи, меѓу кои и враќање на милијардите кои претходно биле укредени не е вратен ниту денар. 

- Режимот на Груевски падна и СДСМ дојде на власт со ветување, меѓу другото, дека ќе се вратат милијарди украдени пари, дека ќе се уриваат сите објекти изградени со проектот „Скопје-2014" и дека ќе се објават и ќе се гонат сите снимки за кривичните дела врзани и кои произлегуваат од тајните прислушкувања, согласно препораките на Венецијанската Комисија и Прибе.

Денеска сме сведоци дека и после пет изминати години, од милијардите не е вратен ниеден денар, дека освен споменикот на Ќосето, не е урнат ниеден друг објект и дека дури со закон го забранија објавувањето и гонењето на кривичните дела. Вака да постапи, од Заев, за зачленување на Македонија, не бараше ни НАТО ни ЕУ - пишува Хајредини на Фејсбук. 

.

Слично

Поврзани вести