Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хајредини до Ковачевски: Прво провери го имотот на првиот и вториот ешалон и расчисти го најголемиот корупциски скандал

Хајредини до Ковачевски: Прво провери го имотот на првиот и вториот ешалон и расчисти го најголемиот корупциски скандал

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, кој важи за жесток критичар на потезите, одлуките и изјавите на владините претставници, деновиве со остар тон и кон премиерот Димитар Ковачевски. 

Хајредини последно му реплицираше на Ковачевски, за изјавата на премиерот за проверка на имотот на вработените во Управата за јавни приходи и во Царина, кои пак деновиве штрајкуваат и бараат повисоки плати. 

- Koвачевски со барање до директорите на УЈП и Царина - проверете го имотот на вашите вработени.

ххх

Ковачевски, провери го прво и Ти имотот на првиот и вториот ешалон и расчисти го најголемиот корупциски скандал со ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, за што и самиот си сведок - напиша Хајредини на неговиот Фејсбук профил.


Слично

Поврзани вести