Хајредини: Албанците во Македонија од власт никој не сака и не може да ги отстрани, па ни пет, десет или дваесет „моќни олигарси Македонци“
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини во свој стил повторно со „клучни“ поенти укажа на привилегираната позиција која ја имаат членовите на ДУИ и кои се сместени во некои од удобите државни фотељи.
Тој потенцира дека, наспроти тврдењата на првиот вицепремиер Артан Груби дека моќни македонски олигарси работат на отстранувањето на ДУИ и Албанците од власт, според Хајредини, нив никој не може да ги отстрани од власт. Дополнително потенцира дека економски зајакнале само блиските до Али Ахмети, но и лицата кои се на министерски или директорски позиции од ДУИ, не и обичните граѓани, меѓу кои и Албанците.
- Артан Груби: Под изговор дека Албанците економски многу се зајакнуваат, пет моќни македонски економски олигарски работат на отстранување на ДУИ и Албанците од власт.
Овие олигарси напорно работат на тоа државата да ја водат само Македонците.
МКД
Не е точно дека сите Албанци економски многу се зајакнуваат, ниту дека го зедоа својот дел, со тоа што само Али Амети и својот син, внуци, зет, брат и сват, како и Груби, Бујар, Јахоски, Еуровија, Арберија, економски зајакнале и го зедоа "својот дел".
Албанците во Македонија од власт никој не сака и не може да ги отстрани, па ни пет, десет или дваесет "моќни олигарси Македонци" - напиша Хајредини на Фејсбук.
