Хаџиманов од Србија го поддржува референдумот
Бардот на македонската забавна музика, Зафир Хаџиманов, е активен на социјалните мрежи кога станува збор за поддршка на референдумот и кампањата „Излези ЗА европска Македонија“.
Македонскиот амбасадор на културата во Србија живее 58 години, како личност која оставила огромни дела во македонската култура и сцена смета дека е должен да излезе со став во, како што вели тој, овие пресудни моменти за Македонија.
- Мислам дека како амбасадор на културата на Македонија и национален уметник на Србија кој има добиено награди и признанија на сите полиња, имам морална должност да го презентирам своето мислење зад кое стојам. И не само своето, имам должност да ги повикам и другите да го кажат ставот, бидејќи не е етички, а не е ни фер да се молчи за едно вакво важно историско прашање за Македонија“ одговори Зафир Хаџиманов за МИА, за причините зошто го прави сето тоа.
Тој додава дека Македонците од Србија и Србите се согласуваат со неговиот став.
- Сакам да се знае дека како еден од втемелувачите на повеќе културни институции во Македонија, еден од основоположниците на Македонското радио и телевизија, како личност која има огромен придонес во развојот на македонската забавна музика, актерство и воедно како писател, јас сум голем борец на се она што е квалитетно и добро за македонската културата и за Македонија и затоа сум со „ЗА“ подршка на референдумот на 30 септември, изјави Хаџиманов за МИА.
