Хаџиевска го брани Лешоски - Здодевно е на Струшките вечери, само баби и дедовци
Назначувањето на Фејсбук поетот Дарко Лешоски за претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата предизвика негативни реакции бидејќи многумина не се согласуваат со овој нелогичен избор, но во негова одбрана застана Иванна Хаџиевска која е шеф на протокол на Зоран Заев и дел од СДСМ.
- Одеднаш многу се заинтересиравте за Струшките вечери на поезијата! А знаете ли за каква манифестација станува збор? Сте биле ли некогаш? Сте слушнале за директорот или прво да го разрешите претседателот на управниот одбор, уште не седнат?!
Стружанка сум, од дете ме носат на Струшките вечери на поезијата, пораснав таму, играа важен дел во градењето на мојата личност... кога родителите ме прашаа зошто повеќе не сакам да одам, бев искрена: Здодевно е, се' баби и дедовци... и така 15-6 години.
Годинава ќе одам, со гордост, оти ќе зрачи со нова енергија, со младост, со убавина, оти Дарко е стружанец, дете од угледно семејство, а тоа многу ни значи нам стружаните, да ти е мерак да го гледаш, да го слушаш и да го читаш... оти Дарко ме натера да читам, да сакам поезија, да знам да ја доживеам, да ме допре длабоко, пишува Хаџиевска во својот пост на Фејсбук.
