Редици за финансиска помош во Тетово
Фото: Клан Македонија
Колони луѓе чекаат да добијат потврда дека родителот е невработен во подраќната единица на Агенцијата за вработување во Тетово, известува утринава Клан Македонија.
Овие потврди се неопходни во барањето за парична помош за основците и средношколците по објавувањето на конкурсот од Министерството за образование за помош од 1.200, односно 1.800 денари.
Учениците мора да достават потврда дека родителите, односно еден од родителите, немаат приходи по основ на плата.
Слично
