Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гужви во најава пред кафеаните во Дебар маало: Почнува реконструкција на најпрометната „Орце Николов“

Гужви во најава пред кафеаните во Дебар маало: Почнува реконструкција на најпрометната „Орце Николов“

Во понеделник на 22.3. започнува првата фаза од реконструкцијата на една од најпрометните улици во Општина Центар, но и во Скопје, улицата „Орце Николов“, најави денеска градоначалникот Саша Богдановиќ.

Тој објави дека реконструкцијата е поделена во шест фази и ќе се одвива по целата должина на улицата која е под надлежност на општината, на потегот од раскрсницата со бул. „Св. Климент Охридски“ до раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“.

Овој зафат ќе ја опфати целата површина од 7.182 метри квадратни и доколку сѐ се одвива согласно проектот, градежните активности ќе завршат во месец јули.


Слично

Поврзани вести