Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гужви на граничниот премин Табановце, се чека и на Пелинце

Гужви на граничниот премин Табановце, се чека и на Пелинце

Гужви има на граничниот премин Табановце. 

АМСМ објави дека на Табановце и Пелинце за излез од државата има чекање околу 30-40 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Податоците на граничната полиција, покажуваат дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, на граничниот премин Табановце поминале вкупно 35.833 патници, од кои 30.119 излегле, а 5.714 влегле во Република Северна Македонија. 

Најмногу чекаат автобусите, кои остануваат и од шест часа на граничниот премин.

На овој премин и пред празниците имаше метеж, затоа што печалбарите доаѓаат за празниците во родниот крај, а сега се враќаат назад во европските земји. 

Слично

Поврзани вести