Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Се бунтуваме за договорот со името, ама на викенд отидовме во Грција

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Се бунтуваме за договорот со името, ама на викенд отидовме во Грција

Продолжениот викенд повторно однесе илјадници Македонци во соседна Грција. 

И додека во државата се коментира дали да се поддржи или да не се поддржи договорот кој деновиве треба да го дочека потписот на Заев и Ципрас, над 12 000 патници од кои 6500 македонски граѓани ја напуштиле државата во последните 24 часа.

На граничниот премин „Богородица“ е забележана зголемена фреквенција но не се чека подолго од десетина минути.

- Гужвата од возила и автобуси во моментот е голема, но задржувањето на патниците не е подолго од пет до десет минути кои се потребни за извршување на царинските формалности. Тоа значи дека на „Богородица“ се функционира беспрекорно со ставање во функција на сите раположливи капацитети, кажал за МИА командирот на Граничната полиција, Миле Тошев.

Фрекфенцијата е голема и поради летните аранжмани.

Слично

Поврзани вести