Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Колку се чека на Табановце и Богородица?

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Колку се чека на Табановце и Богородица?

Гужва има на северната и на јужната граница. Како што објави АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Зголемена фреквенција и време на чекање околу еден час има на граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на граничниот премин Богородица за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Слично

Поврзани вести