(ВИДЕО) УТРИНСКИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Еве по колку се чека на ГП Богородица
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата е до 30 минути, информираат од АМСМ.
Оттаму информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, како и оти оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од АМСМ потсетуваат дека на сила е времен режим за сообраќај во летниот период за тешки товарни возила.
На државните патишта во Република Македонија за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури се забранува движење на возилата чија вкупна маса преминува 15 тони.
Ако патувате преку ГП Богородица следете во живо колку гужва има на сајтот на Јавното претпријатие за државни патишта овде.