ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Еве колку се чека кај ГП „Богородица“ и Дојран
Уште од уторво на граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е до 50, односно 30 минути соопштуваат од дежурната служба на ГП Богородица.
Од таму информираат дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но оти застојот е од грчка страна и засега не се познати причините.
Поради тоа побавно се пропуштаат возилата и се чека 45 до 50 минути, велат од дежурната служба и додаваат дека очекуваат со таквиот проток на сообраќај за половина час двете граници да бидат споени со возила.
Според последните податоци на Автомотосојузот на Македонија, на ГП Дојран се чека од 15 до 30 минути, а на останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и за излез од државава.
АМСМ информира и за зголемен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
