Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГУЖВИ И КОЛОНИ ОД РАНО УТРО: На Богородица се чека по 45 минути, возила се повеќе

ГУЖВИ И КОЛОНИ ОД РАНО УТРО: На Богородица се чека по 45 минути, возила се повеќе

Од рано утрото има гужви за влез излез од Македонија. Автомото сојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Најголемата гужва е на ГП Богородица каде се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути.

АМСМ извести и дека почнувајќи од 21.07.2021 година, целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад до клучка Штип-Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.


Слично

Поврзани вести