ГУЖВА: Најмалку два часа се чека на граничниот премин кај Делчево
Најмалку два часа се чека на граничниот премин кај Делчево за влез во Бугарија.
Километарска колона возила повеќе од два часа чека за влез во Бугарија на граничниот премин Делчево-Станке Лисичково. Според дописникот на МИА, како една од причините се наведува присуство на повеќе автобуси затекнати на овој граничен премин, додека дел од причините за застојот се и проблеми со системот за влез на граничниот премин Станке Лисичково. Утрово гужва имаше и на граничниот премин Табановце. Поради продолжениот викенд, граѓаните патуваат надвор од државата.
Фото: МИА
Слично
