ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Граѓаните за 1 Мај се упатија во Грција
Почнаа гужвите на „Богородица“ за излез од државата. За Денот на трудот, многу наши граѓани се упатија во соседна Грција.
Како што известуваат од АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево.
Утре е неработен ден во Македонија.
Слично
