Гужва на граница - колку се чека?
Гужва денеска има на границата со јужниот сосед.
На граничниот премин Евзони се чека околу два часа.
На границата се формирани неколку колони возила од кои најмногу се со македонски и српски регистарски таблички. Забележливи се и туристи од Босна и Херцеговина, Романија и Унгарија кои денеска заминуваат од Грција.
Но, на македонскиот дел од границата, на граничниот премин Богородица, нема подолго чекање.Интензитетот на сообраќајот е зголемен особено на автопатот Е-75 кој води кон српската граница.
Слично
