Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гужва има на Богородица за влез во Грција

Гужва има на  Богородица за влез во Грција

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а зголемен број возила има на граничниот премин Богородица за влез во Грција, информираа од АМСМ. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Слично

Поврзани вести