ГУЖВА: До 15 часот на Табановце влегле 2.235 граѓани
Голема фреквенција има денеска на граничниот премин Табановце, затоа што печалбарите за празниците се враќаат дома.
Од полноќ до 15 часот на граничниот премин Табановце, влегле вкупно 2.235 граѓани, од кои 1.551 домашни и 684 странски државјани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во овој период, излегле 373 лица од кои 212 домашни и 161 странски државјанин. Вкупно на ГП Табановце поминале 2.608 лица, од нив 1.763 домашни и 845 странски државјани.
Од денеска за влез во Србија задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија.
На граничните премини во регионот има гужви и се чека со часови.
Слично
