Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гутереш, Нимиц, Могерини....кој се е поканет во Преспа?

Гутереш, Нимиц, Могерини....кој се е поканет во Преспа?

Антонио Гутереш, Метју Нимиц, Јоханес Хан, Федерика Могеринии......се гостите од меѓународната заедница што се поканети на потпишувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција, што според агендата треба да се случи в сабота во Преспа. 

Според весникот „Ефимерида“, на овој настан покани биле испратени до генералниот секретар на ОН Гутереш, до медијаторот Нимиц и до Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Могерини и еврокомесарот Хан.

Предвидено е договорот да го потпишат шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во Преспа ќе допатуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. 

Во зависност од тоа како ќе помине средбата на Ципрас со лидерите на политичките партии во Грција и неговото обраќање во парламентот, можно е потпишувањето да биде одложено за в недела, 17 јуни.


Слично

Поврзани вести