Економија, финансии, бизнис

Контакт

Густата магла која се надви над Скопје ги откажа и летовите од скопскиот аеродром

Густата магла која се надви над Скопје ги откажа и летовите од скопскиот аеродром

Маглата која го покри главниот град Скопје и околината, откажа дел од полетувањата, како и сите слетувања на меѓународниот аеродром Скопје.

Во раните утрински часови, според информациите, маглата беше причина за откажување на првите летови, меѓу кои и кон Белград, Виена, Загреб, како и летот кон Истанбул. Дел од летовите се пренасочуваа кон околните аеродроми, а дел се откажани и ќе се реализираат кога ќе има услови за летање.Со задоцнување, пак, беа реализирани четири летови.

Слетувањата, пак, кои требало да се реализираат во утринските часово, досега се сите откажани. 

Маглата го отежнува и сообраќајот низ државата. Намалена видливост има на неколку патни правци. Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Кичево, на планинскиот превој Ѓавато и долж Повардарието. Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.



Слично

Поврзани вести