Густ чад над Визбегово, пожарот се движи кон населениот дел
Густ црн чад повторно се забележува над делови од Скопје по пријава за нов пожар во реонот на Визбегово, во близина на Шуто Оризари.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, преку бројот Е-112 била добиена пријава за пожар на сува трева кај „Џиди Комерц“. Огнот, според пријавата, се проширувал во правец кон куќите, поради што на терен биле упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Првичните информации укажуваат дека на локацијата можно е да гори и отпад, што може да биде причина за густиот црн чад и дополнително да ја отежне интервенцијата.
Овој пожар доаѓа по вчерашниот инцидент во истиот поширок реон, кога чадот и огнот предизвикаа вознемиреност кај жителите.
Надлежните служби ја следат состојбата, а повеќе детали се очекуваат по интервенцијата на противпожарните екипи.
