ГУШНЕТЕ СИ ГО ЗБУНЕТИОТ ТИНЕЈЏЕР И КАЖЕТЕ МУ ДЕКА ГО САКАТЕ БЕЗ ОГЛЕД НА АКАДЕМСКИОТ УСПЕХ - совети родителите да не се мешаат во изборот на децата
Експертката Тиана Ивановска преку фејсбук реагира на претераното мешање на родителите на изборот на нивните деца за тоа на кој факултет ќе се запишат.
„Седам на ручек во еден рибен ресторан, а на масата до мене две семејства ручаат. Два часа муабет на тема на кој факултет ќе се запише детево тазе матурант. Три литра вино, патер фамилијас најгласен за насоките во животот и колку е битно синот да направи правилен избор.
Детево се поти, се бори да каже два збора и да дојде на ред. Срце ме боли кога во очи му го гледам стравот во коски всаден да не направи погрешен избор на факултет и да ја разочара цела фамилија наречници. Недај боже да не заврши. Отиде цела династија јабана.
Тема упис на факултет не е тема за во кафана, на маса, во обид за докажување и покажување на вашата супериорност и правилни животни одлуки пред збунетите тинејџери. Тоа е само лечење на фрустрации. Гушнете си го збунетиот тинејџер и кажете му дека го сакате без разлика на академскиот успех. Еден ден ќе ви биде бескрајно благодарен за тоа“, пишува таа на својот профил.
Слично
