Гури избегал зошто требало да оди во Шутка
Исмет Гури, поранешниот функционер на ДУИ, требало да биде вратен во ефективен притвор во Шутка пред да избега од куќниот, говорат последните официјални информации.
Полицајците кои вчера биле во домот на поранешниот заменик-директор на УЈП не вршеле контрола дали Гури ја почитува мерката куќен притвор, туку со решение од Кривичен суд требало да го вратат во притвор во Шутка.
Според денешната информација лиферувана од Кривичниот суд, на Гури од неодамна му била сменета мерката притвор во куќен притвор. По одлука по жалба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, донесено било решение тој пак да биде вратен во притвор во Шутка.
По Гури сега е централна и меѓународна потерница, а претходно тој бараше да оди во куќен притвор поради постојано одење во болница и наводно нарушено здравје.
