Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гуд Кантри Индекс: Колку Македонија придонесува за светот?

Гуд Кантри Индекс: Колку Македонија придонесува за светот?

Македонија е на 65-то место на Гуд Кантри Индекс (Good Country Index), врз основа на вкупните резултати по кои се мери колку некоја држава во светот, зависно од големината, придонесува за општото добро на човештвото односно колку му наштетува.


Со индексот се мери придонесот на 163 држави во светот врз основа на седум критериуми,  светки приодонес во науката и технологијата, културата, меѓународниот мир и безбедност, светскиот поредок, планетата и климата, просперитет, еднаквост, здравје и благосостојба.

Со мерење на тие критериуми, Македонија е на 27-то место според светскиот придонес во науката и техлоногијата, на  70- то место по придонес во културата, на 125- то место за придонес во меѓународниот мир и безбедност, и на 59 - то  место врз основа на придонес во светскиот поредок. Македонија е на 62-то. место по придонес за планетата и климата, 93 - то место по придонес во просперитет и еднаквост, и на 119 то  место по светскиот придонес за здравје и благосотојба.

Од државите во регионот, најдобро рангирана е Словенија, која е на 28 место, Бугарија на 29 место, Грција на 32, Романија на 36 место, Хрватска на 40 место, Србија е на 48 место, Црна Гора на 55-то, Босна и Херцеговина е на 74-то и Албанија е на 109-то место.

На листата најдобро рангирана е Шведска, а зад неа се  Данска и Холандија. Понатаму следат Обединетото Кралство, Швајцарија, Германија, Финска, Франција, Австрија, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Норвешка, Белгија. Најлошо рангирана  земја е Либија, а пред неа се Екваторијална Гвинеја и Централна Африканска Република. Меѓу последните на листата се Мауританија, Ирак, Суринам, Сирија. 

Слично

Поврзани вести