Гуаидо и се заблагодари на Македонија што го призна за претседател на Венецуела
Хуан Гуаидо и се заблагодари на македонската влада што застана на негова страна, наспроти Николас Мадуро, во борбата кој да биде признаен како легитимен претседател на Венецуела.
Прво министерот за надворешни работи Никола Димитров се огласи на Твитер дека Македонија го поддржува Гуаидо за времен претседател на Венецуела согласно уставот и со цел да организира фер, a потоа Владата го верификуваше тоа на редовна седница.
- И благодарам на Владата на Македонија за тоа што ја признава битката која ја водиме за спасување на нашата демократија. Граѓаните на Венецуела и светот обединети во ист глас во одбрана на слободата и владеењето на правото, напиша Гуаидо на Твотер.
„На денешната седница, Владата на РМ донесе одлука за признавање на Претседателот на Националното собрание на Боливарската република Венецуела, Хуан Гуаидо, за преоден претседател на државата до спроведувањето на нови претседателски избори“, објави синоќа македонската Влада по завршувањето на седницата.Гуаидо е признат за привремен претседател на дрќавата која се наоѓа во тешка финансиска криза иако има најголеми нафтени резерви во светот од страна на САД и повеќе земји од Европа и Јужна Америка.

