Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУПАТА КОВИД 19 ИСКУСТВА И СОВЕТИ ИМА 55.200 ЧЛЕНОВИ: Ова е резултат на не координирано здравство, напиша администраторот

ГРУПАТА КОВИД 19 ИСКУСТВА И СОВЕТИ ИМА 55.200 ЧЛЕНОВИ: Ова е резултат на не координирано здравство, напиша администраторот

Анета Пешева, администратор на Фејсбук групата Ковид19 Искуства и совети објави дека откако е создадена оваа група, членството достигна 55.200, но пишува дека не се радува: 

-Денешниве статистики од нашата група " Ковид19 Искуства и Совети ". Бројката е 55.200 членови денес. Не се радувам. Ова е резултат на не координирано здравство, луѓе кои бараат совет за себе или за своите блиски, а немаат кого да прашаат, наведува Пешева.

Секако, по ваквата објава има и бројни коментари, особено во однос на високата смртност поради компликации од вирусот. 

- Лечи се дома, а кога ќе отидеш во болница касно си дошол

- Сите што ги ставија на респиратор починаа, очигледно е дека незнаат да работат со нив

- Очигледно незнаат да работат ни со апаратите за кислород

- Имал претходни болести

- Имал поголема тежина

- Година и пол неможеш да закажиш термин.

- Претходно ќе те пратеа на милион испитувања и пак погрешна дијагноза и терапија.

А сега телефонски, нормално ако кренат слушалка„ Што тие, па види пробај со...“

- Кај сте слушнале дека некој згрешил и одговарал или му е земена лиценцата, се стручњаци.

Со пандемијава излезе на површина неспособноста на поголем број доктори - мизерија

Секоја чест на вистинските доктори



Слично

Поврзани вести