Економија, финансии, бизнис

Контакт

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи нападнала неколку момчиња во центарот на СКопје. Нивните родители за ТВ21 тврдат дека станува збор за навивачката група „Комити“, при што случајот го пријавиле во полиција.

Едно од момчињата било претепано кај амбасадата на Грција, при што изгубило свест и била повикана итна помош, додека другото ,лице било нападнато кај автобуската станица кај Соборен храм.

„Денеска (23.10.2024) СВР Скопје било известено дека околу 16:20 часот во Скопје, на територијата на Центар, од група од 10 лица физички биле нападнати Х.А.(22) и Е.К. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Исто така, околу 16 часот од СВР Скопје било известено дека група од неколку лица физички нападнале 17-годишен малолетник од Скопје на територијата на центарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, потврди МВР.


Слично

Поврзани вести