Група млади луѓе во Грција го нападнале македонскиот свештеник Никодим Царкњас
Група млади луѓе во Саботско, Грција, на 23 февруари го нападнале македонскиот православен свештеник во Грција архимандритот Никодим Царкњас. Нападот се случил додека се движел со својот автомобил. Ова го објавија од Обединетата македонска дијаспора со седиште во Вашингтон која сподели и фотографии од оштетеното возило што го управувал 80-годишниот свештеник.
Во изјава за ТВ 24 Царкњас го потврди настанот и вели физички повреди немал, но многу се исплашил зашто лицата удирале со клоци и со тупаници по возилото.
Слично
