Економија, финансии, бизнис

Контакт

Група граѓани протестираа против протерувањето на рускиот дипломат

Група граѓани протестираа против протерувањето на рускиот дипломат

Четириесетина граѓани денеска протестираат на плоштадот Македонија поради протерувањето рускиот дипломат од Македонија.

Демонстрантите носеа македонски и руски знамиња. 

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров на денешната прес-конференцијата со неговата австриска колешка, Карин Кнајсл изјави дека одлуката за протерување на рускиот дипломат од Македонија ја донеле по внимателно размислување и анализа и поради две причини, да се покаже солидарност со Британија, поради труење со хемиско оружје на поранешниот руски двоен агент и бидејќи протераниот дипломат излегол од својот мандат.

Тој тврди дека протераниот дипломат се обидел да добие класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија.

„Се работи за обид за добивање класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија. Нашите сознанија се потпираат врз цврсти докази и немаме дилеми околу тоа“ - изјави Димитров.

Тој оцени дека меѓу пријателите има и недоразбирања, а кога тие ќе се надминат, пријателството ќе биде посилно.

Слично

Поврзани вести