Грујовски во отсуство ќе ја чуе пресудата за уништување службена документација
Екс началникот на Петтата управа Горан Грујовски кој се гони за уништување на документација поврзана со системот за следење на комуникациите пресудата ќе ја добие додека е отсутен.
Судот одлучи на Грујовски да му се суди во отсуство а како причина за оваа одлука се наведува дека поради што е неизвесно неговото обезбедување во постапката, а имајќи ја предвид сериозноста на делото што му се става и опасноста од застарување, дополнително што обвинетиот има право на повторување на постапката, се исполнети условите за отпочнување на главна расправа.
Грујовски е дел од обвинетите во случајот „Тврдина2“ а се товари за уништување на службената опрема и документација поврзана со незаконското прислушување.
Слично
