Грујовски го украл идентитетот на Владимир Варелов-таков човек постои и му е колега
Извори од МВР за Телевизија Телма потврдиле дека Грујовски го украл идентитетот на колега полицаец.
Како што пишува посочениот медиум Владимир Варелов постои и е полицаец а двојниот идентитет екс началникот на петтата управа Горан Грујовски го украл од негов колега, па сега постојат двајца, еден вистински и еден лажен.
Телма пишува дека пасош со име и презиме Владимир Варелов, но со ликот на Горан Грујовски е изработен во МВР и тој со него патувал во Бугарија деновите пред одредувањето на притворот, брифираат извори од истрагата. Не е исклучена можноста да преминал граница за да обезбеди логистика за бегство велат извори од УБК.
Повеќе за темава може да погледнете овде.
Слично
