Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грујевски во Солун се брани со македонски весници?

Грујевски во Солун се брани со македонски весници?

Денеска на судското рочиште во Солун, поранешниот началник на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски се појавил со македонски весници.

Заедно со него обвинет е и поранешниот началник Никола Бошковски.

На рочиштето се разгледувало барањето за нивна екстрадиција од страна на македонската Влада, а Грујевски со весниците сакал да појасни за какво дело го товарат од Специјалното јавно обвинителство.

По нивно барање судењето беше затворено за јавноста.

Денеска сведок бил адвокатот Петар Василев. Следното рочиште е закажано за идната среда, кадешто ќе сведочи и сопругата на Грујевски, по што судот ќе донесе одлука за екстрадиција.

Тие се сомничат од страна на СЈО за масовно прислушување и за уништување на системите за прислушување.

Предметот е познат како „Тврдина-Таргет“

Слично

Поврзани вести