Грујевски имал уште еден идентитет – Владимир Варелов?
Повикувајќи се на извори во МВР, вечерва ТВ 21 објави дека Горан Грујевски кој точно еден месец е во бегство и за кого е издадена меѓународна потерница имал уште еден идентитет – Владимир Варелов.
Истите извори од полицијата за тој медиум, како што пишува, велат дека и Интерпол е известен за ова име под кое се претставува Грујевски кој од СЈО е обвинет во предметот Тврдина и Таргет и дека е распишана дополнителна меѓународна потрага. Засега МВР официјално не ги потврдува овие информации.
Официјално велат дека во рамките на овластувањата и обврските ги преземаат сите мерки со цел лоцирање на Горан Грујевски и Никола Бошковски, и се прават проверки на повеќе локации во земјава.Извор: Тв21
Слично
