Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грујевски и Бошковски „пропаднаа в земја“: Може ли да бидат осудени во отсуство?

Грујевски и Бошковски „пропаднаа в земја“: Може ли да бидат осудени во отсуство?

МВР нема детали каде исчезнаа колегите од Петтата управа кои СЈО ги гони како главни обвинети за нелегалното прислушување во предметите „Тврдина“ и „Таргет“.

Горан Грујевски поранешиот шеф на Петтата управа на УБК и неговиот колега Никола Бошковски од 18 јули не се достапни на органите на прогонот.

МВР откако не ги најде во нивните домови за да ги спроведе во затворот Шутка за нив распиша меѓународна потреница .

Дали може да им се суди во случај на отсуство?

Судијката Лидија Петровска може да го осуди во отсуство обвинетиот ексначалник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски кој е во бегство, потврдила таа за САКАМДАКАЖАМ.МК преку в.д. претседателот Стојанче Рибарев, но појаснува дека тоа не зависи од неа, туку од обвинителот од Специјалното јавно обвинителство.

На прашање дали на следното рочиште на 26 септември, Петровска може да донесе решение за да му се суди на Грујевски во отсуство, таа се повикува на Законот за кривична постапка и вели:

„За да постапува судот во конкретен предмет, мора да има писмено известување дали обвинетиот е достапен на органите на прогон или не. Ако лицето не е достапно, согласно член 365 став 3 од ЗКП, на обвинетиот може да му се суди во отсуство само ако е во бегство или е недостапен на државните органи, а притоа постојат особено важни причини за да му се суди во отсуство. Решение за да му се суди во отсуство носи судот на предлог на овластениот тужител“.

Ова значи дека ако СЈО не побара судењето да продолжи во отсуство на избеганиот Грујевски, тоа ќе се одложи поради отсуство на главниот обвинет и ќе се презакаже.

Слично

Поврзани вести