Грујевски и Бошковски ќе се жалат одлуката за екстрадиција
Поранешните началници на УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски веднаш по објавувањето на одлуката за екстрадиција во Македонија поднеле жалба против одлуката на солунскиот суд, за случајот да го разглед Врховниот суд во Атина, пренесе ТВ24.
Соопштувањето на одлуката исто како и сослушувањето било зад затворени врати.
Телевизија 24 ексклузивно објави дека судот во Солун ја одобри екстрадиција за двајцата поранешни началници на УБК.
За потсетување Грујевски и Бошковски беа уапсени во октомври на аеродромот во Солун кога се обиделе со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Слично
