Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ЌЕ БИДАТ СОСЛУШАНИ ВО ВТОРНИК: Се бара преведувач

ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ЌЕ БИДАТ СОСЛУШАНИ ВО ВТОРНИК: Се бара преведувач

Сослушувањето во грчкиот суд на Горан Грујевски, поранешен началник на Петата управа и Никола Бошкоски вработен во УБК е одложено за вторник, oбјавија грчките медиуми.

Тие денеска беа изведени пред судија поради поседувањето фалсификувани пасоши.

Министерството за правда денеска доставило барање до надлежниот суд да се подготви целокупната документација за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски.

Судот го презакажал рочиштето за вторник, за кога би требало да се обезбедат судски преведувачи од српски.

Против Грујевски и Бошкоски солунското обвинителство покрена обвиненија за поседување и користење фалсификувани документи.

Тие се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Двајцата беа уапсени завчера на аеродромот во Солун, кога со лажни бугарски пасоши сакале да патуваат за Будимпешта.

Слично

Поврзани вести