Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Зошто СДСМ сака да го растури тоа што е успешно?

Груевски: Зошто СДСМ сака да го растури тоа што е успешно?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од Велес вечерва порача дека економските мерки и покачување на плати кои ги нуди СДСМ се нереални. 

Тврди дека тие сакаат да ги излажат граѓание набрзина. 

„Ако земат од стопанствениците, тие ќе престанат да вработуваат. Зошто сакаат да го растурат тоа што во Македонија е успешно и што дава резултати? Кога порано се отвориле 160.000 нови работни места во Македонија. Кога во Македонија доаѓале вакви компании?“ - рече Груевски. 

Груевски рече дека ќе отворат нови 70.000 работни места. Пензиите и платите ќе скокнат за 10.25%. Ќе се довршат три и ќе почнат да се градат три нови автопати. 

За лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека за 11 години колку што е на власт во Струмица не донел ниту една компанија. 

Вели дека таму индустриската зона е ледина, а на Заев во мај догодина му доаѓа крај на избори. 

Груевски кажа дека невработеноста се намалила во време не криза. Наброја дека е воведена минимална плата која претходно не постоеше, а помогнато е со субвенции и на земјоделците. 

Додаде и дека лековите се значително поевтинети и со тоа парите остануваат во џебовите на граѓаните. 

Груевски вели дека СДСМ сака народот да го држи во заложништво. 

Како успех на владата на ВМРО-ДПМНЕ го спомна и фактот што е зголемен бројот на туристите. 

Слично

Поврзани вести