Груевски ЗАПРЕПАСТЕН од апсурдот на ЗАРОБЕНОТО СУДСТВО
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на РМ ги обвини судиите дека работат по партиски директиви.
Овој суд прераснува во театар на апсурдот, изјави поранешниот премиер, Никола Груевски, по денешното рочиште во случајот „Насилство во Општина Центар“.
-Немаше ни да има обвинувања да се работеше според закон. Но ако имате заробено судство сѐ е можно. Секој ден се соочуваме со нови неправди и сѐ повеќе се чувствуваме како во едно од врвните дела посветени на апасурдот Процесот Кафка – рече Груевски
Груевски со критики кон обвинителите на СЈО дека побарале притвор за обвинетиот кој денеска не се појавил на судење.
-Денеска да речеме имаше еден од обвинетите кој е болен и кој достави лекарско уверение, издадено боледување од матичен лекар дека треба да мирува. И за него замислете обвинителот побара притвор затоа што е болен, значи тој треба да лежи притвор затоа што се разболел. Судијата не одреди, но самиот факт што обвинителите се дрзнаа да побараат укажува на забеганоста на ова јавно обвинителство – посочи тој.
