Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Заев сака да формира влада по секоја цена

Груевски: Заев сака да формира влада по секоја цена

Заев сака да формира влада по секоја цена, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за телевизијата Канал 5.

Заев не отстапува од платформата на албанските партии, бидејќи е фатен жив во криминал, тврди Груевски. 

Тој обвини дека се планира решавање на спорот за името по грчки терк и дека на државата ѝ се заканува распаѓање. За Заев вели дека сака да биде премиер по секоја цена. 

„Тој сака да формира влада по секоја цена, тргувајќи со националните и државните интереси, да стане премиер за да може да изврши притисок врз судиите и да не одговара за криминал и корупција. Нека му ја мислат тие што одат против волјата на народот“ - вели Груевски. 

Тој повтори дека народот мора да си ја одбрани државата и дека има национално свесни Македонци. 

Груевски вели дека поддршка има од народот на улици, а од СДСМ за тоа се свесни. 

Тој повторно кажа дека СЈО е поврзано со Заев, иако истото го негираат. 

Според Груевски, излез од кризата би биле нови избори заедно со локалните. 

Слично

Поврзани вести