Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски за Трамп - Ќе имаме тесна комуникација и соработка

Груевски за Трамп - Ќе имаме тесна комуникација и соработка

Актуелниот мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски очекува да се продлабочи соработката со САД под водство на новиот американски претседател Доналд Трамп. 

„Владата на Македонија ќе работи во тесна комуникација и ќе соработува со новата администрација на Трамп, за остварувањето на стратешките цели на државата. Наш приоритет и цел останува членството во НАТО и во Европската унија при што важна е соработката со нашите партнери САД и Европа”, изјави Груевски за Телеграф.

Очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ и нивните поддржувачи во поглед на Трамп се навистина големи и се надеваат дека односот на САД кон Македонија ќе се подобри, а земјата ќе добие поголема поддршка во наредниот период.

Слично

Поврзани вести